Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
29новември 2025
Месечеви игри
Кредит за слика & авторски права: Giorgia Hofer
Објаснување: Ова не е сцена од видео-игра. Сместена под шумскиот појас, малата планинска црква навистина изгледа како да се крие од Месечината. На добро искомпонираниот телеобјективски снимок, направен на 23 ноември, црковните ѕидови делумно одразуваат светлина од земјински рефлектори. Се разбира, Месечината ја одразува светлината од Сонцето. Во секој момент Сонцето осветлува половина од нејзината површина, позната како дневната страна на Месечината, но таа ноќ беше видлива само тенка линија од нејзината осветлена страна. Околу три дена по млада Месечина, таа се наоѓаше во растечка полумесечина. Експозицијата е направена веднаш по зајдисонце, под небото над Данта ди Кадоре, северна Италија, планетата Земја.
Утрешната слика:: Најоддалечено слетување
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Kiro Stojanov &
Dipl.Ing.Dr. Liliana Gracanin
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Saša Gračanin