Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
27октомври 2025
Двата опашки на кометата Лемон
Кредит за слика & авторски права: Massimo Penna
Објаснување: Колку светли опашки има кометата Лемон? Две. На прикажаната снимка изгледа како да има три, но зошто? Причината е што назабената кафена нишка претставува упорна метеорска трага која, по чиста случајност, се појавила пред оддалечената комета C/2025 A6 (Лемон). Метеорска трага е жешкиот гас и финиот прав што остануваат во атмосферата на Земјата и се распрснуваат во секундите по минувањето на светол метеор. Двете вистински опашки се сината јонска опашка што се протега низ целата снимка и белата правлива опашка поблиску до зелената кома горе лево. Сите реални кометски опашки потекнуваат од јадрото на кометата, сместено во внатрешноста на комата. Снимката е направена пред неколку дена од Манчано, Италија. Оваа недела, од средно-северни географски широчини, кометата Лемон ќе остане слабо видлива на северозападното небо по зајдисонце.
Утрешна слика:
Сигналот на Лилјакот
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Kiro Stojanov &
Dipl.Ing.Dr. Liliana Gracanin
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Saša Gračanin