Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
27новември 2025
NGC 1055: Портрет
Кредит за слика & авторски права: John Hayes
Објаснување: Големата и убава спирална галаксија NGC 1055 е доминантен член на една мала група галаксии, оддалечена само 60 милиони светлосни години во правец на водениот и застрашувачки соѕвездието Кит. Гледана од страна, оваа остров-галаксија се протега на повеќе од 100.000 светлосни години, малку поголема од нашата Млечен Пат. Шарените, шилести ѕвезди што го украсуваат овој космички портрет на NGC 1055 се во прв план и се наоѓаат во рамките на Млечниот Пат. Но препознатливите розени региони на ѕвездообразување и младите сини ѕвездени јата се распрснати по свитканите прашливи линии долж тенкиот диск на далечната галаксија. Со мал број уште подалечни галаксии во позадина, длабоката снимка открива и кутесто хало што се протега високо над и под централниот испакнат дел и дискот на NGC 1055. Самото хало е прошарано со бледи, тесни структури и може да претставува измешани и разнесени остатоци од сателитска галаксија што била разрушена од поголемата спирала пред околу 10 милијарди години.
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Kiro Stojanov &
Dipl.Ing.Dr. Liliana Gracanin
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Saša Gračanin