Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


26новември 2025

Глобуларно јато M15 Длабоко поле

Кредит за слика & авторски права: Alvaro Ibanez Perez)

Објаснување: Ѕвездите, како пчели, се ројат околу центарот на светлиот кугласт јатло М15. Централната топка од над 100.000 ѕвезди е реликт од раните години на нашата Галаксија и продолжува да орбитира околу центарот на Млечниот Пат. М15, едно од околу 150 преостанати кугласти јата, е познато по тоа што е лесно видливо со двоглед, што во својот центар има една од најгустите концентрации на ѕвезди што ги знаеме и што содржи голем број променливи ѕвезди и пулсари. Прикажаната слика на М15 е направена со комбинирање на многу долги експозиции — вкупно 122 часа — и затоа открива бледи превези од гас и прашина пред огромната топка од ѕвезди. М15 се наоѓа на околу 35.000 светлосни години во насока на соѕвездието Крилестиот Коњ (Пегас).

Oтворен простор


Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Kiro Stojanov & Dipl.Ing.Dr. Liliana Gracanin
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Saša Gračanin
e-astronomy