Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
25новември 2025
Кометата Леммон и Млечниот Пат
Кредит за слика & авторски права: Lin Zixuan (Tsinghua U.)
Објаснување: Каква изгледаше кометата Леммон кога беше во својата најдобра состојба? Еден пример е прикажан овде, со три небесни спектакли на различни растојанија. Најблиску се наоѓаат снежните врвови на планините Меили, дел од Хималаите во Кина. Во средиштето е кометата Леммон, фатена на почетокот на овој месец во нејзиниот живописен максимум, со белата прашлива опашка што се протега надесно, и сината јонска опашка изменета од сончевиот ветер што се протега налево. Во далечината лево се гледа величествениот централен појас на нашиот Млечен Пат, со темни прашински облаци, црвени маглини и милијарди ѕвезди слични на Сонцето. Кометата C/2025 A6 (Lemmon) веќе слабее додека се враќа кон надворешниот Сончев Систем, додека хималајските планини постепено ќе еродираат во текот на следните милијарди години. Но Млечниот Пат ќе продолжи да живее — создавајќи нови планини и комети — уште многу милијарди години во иднината.
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Kiro Stojanov &
Dipl.Ing.Dr. Liliana Gracanin
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Saša Gračanin