Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
25 декември 2025
Еднорог, крзно од лисица и божиќна елка
Кредит за слика & авторски права: Michael Kalika
Објаснување: Област на создавање ѕвезди, каталогизирана како NGC 2264, претставува убава, но сложена поставка од меѓуѕвезден гас и прашина, оддалечена околу 2.700 светлосни години во слабото, но фантастично соѕвездие Monoceros – Еднорог. Набљудувана кон небесниот екватор и блиску до рамнината на нашата галаксија Млечен Пат, оваа сезонска небесна сцена комбинира црвеникави емисиони маглини, возбудени од енергетската светлина на новородени ѕвезди, со темни облаци од меѓуѕвездена прашина. Таму каде што инаку прикривачките прашинести облаци се наоѓаат блиску до жешките, млади ѕвезди, тие исто така ја рефлектираат ѕвездената светлина, создавајќи сини рефлексиони маглини. Навистина, сјајната променлива ѕвезда S Monocerotis е потопена во сино обоена измаглица близу средиштето. Распоредени во едноставна триаголна форма над S Monocerotis, ѕвездите во областа NGC 2264 се популарно познати како ѕвезденото јато Божиќна елка. Извајана од енергетската ѕвездена светлина, маглината Конус се наоѓа превртена на врвот од оваа космичка божиќна елка, додека прашливото, испреплетено крзно од светлечки гас и прашина под елката се нарекува маглината Крзно од лисица. Ова богато телескопско поле опфаќа околу 1,5 степени на небото, односно три полни Месечини од врв до дно, покривајќи речиси 80 светлосни години на растојанието на NGC 2264.
Утрешната слика:: Прелет покрај вонсончева планета
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Kiro Stojanov &
Dipl.Ing.Dr. Liliana Gracanin
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Saša Gračanin