Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


26 декември 2025

Прелетот на 3I/ATLAS

Кредит за слика & авторски права: Dan Bartlett

Објаснување: Меѓуѕвездениот посетител што го привлече вниманието, 3I/ATLAS, го направи својот не толку близок прелет покрај нашата убава планета на 19 декември, на оддалеченост од 1,8 астрономски единици — околу 900 светлосни секунди. Сепак, оваа длабока експозиција ја доловува кометата од друг ѕвезден систем додека нежно се лизгала преку слаба позадина од ѕвезди во соѕвездието Лав, околу четири дена порано, во ноќта на 15 декември. Иако е многу слаба, нагласените бои во податоците од сликата го откриваат нејзиниот жолтеникав прашлив опаш, синикавиот јонски опаш и комата со благ зеленкаст отсјај. А и додека внимателно ја набљудуваат бројни телескопи и вселенски летала од планетата Земја, 3I/ATLAS веќе го напушта Сончевиот систем. Во моментов се движи нанадвор по хиперболична траекторија со околу 64 километри во секунда во однос на Сонцето — премногу брзо за да биде врзана од неговата гравитација.

Утрешната слика:: Месечевиот брод на Аполо




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy