Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


24 новември 2025

Апеп: Необични обвивки од прав од Веб

Кредит за слика & авторски права: NASA, ESA, CSA, STScI, JWST; Science: Y. Han (Caltech), R. White (Macquarie U.); Image Processing: A. Pagan (STScI)

Објаснување: Што го создало овој необичен вселенски скулптурен облик? Ѕвезди. Овој необичен систем од вртлози и обвивки, познат како Апеп, беше набљудуван со невидена досега прецизност од вселенскиот телескоп James Webb на НАСА, во инфрацрвена светлина во 2024 година. Набљудувањата укажуваат дека необичната форма потекнува од две масивни Волф–Рајеови ѕвезди што кружат една околу друга на секои 190 години, при што секое нивно приближување создава нова обвивка од исфрлени прав и гас. Се смета дека дупките во овие обвивки се предизвикани од трета ѕвезда што орбитира во системот. Овој ѕвезден танц на правот најверојатно ќе продолжи стотици илјади години, веројатно завршувајќи дури кога една од масивните ѕвезди ќе ја потроши внатрешната нуклеарна енергија и ќе експлодира во супернова проследена со избувнување на гама-зраци.

Живописна комета


Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Kiro Stojanov & Dipl.Ing.Dr. Liliana Gracanin
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Saša Gračanin
e-astronomy