Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


23 декември 2025

Црвени спрајтови и кружни ELVES молњи над Италија-та

Кредит за слика & авторски права: Valter Binotto

Објаснување: Што се случува на небото? Молњи. Најчесто видениот тип на молња се блесоци на силна бела светлина меѓу облаците. Но, во изминатите 50 години се потврдени и други видови на молњи во горните слоеви на атмосферата, меѓу кои се пипалестите црвени спрајтови и прстенестите ELVES. Иако и двата траат само мал дел од секундата, спрајтовите се посветли и полесни за фотографирање од нивните почести роднини — електричните празнења. ELVES се брзо проширувачки светлосни прстени за кои се смета дека настануваат кога електромагнетен импулс се искачува нагоре од наелектризирани облаци и ја погодува јоносферата, предизвикувајќи молекулите на азот да засветлат. Снимањето на кој било од овие облици на молњи бара трпение и искуство — а да се фатат двата заедно, бидејќи обично се појавуваат одделно, е реткост. Прикажаната слика е кадар од видео-снимка снимена во Посањо, Италија, кон крајот на минатиот месец, над далечна бура над Јадранско Море.

Утрешната слика:: Таинствени точки




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Kiro Stojanov & Dipl.Ing.Dr. Liliana Gracanin
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Saša Gračanin
e-astronomy