Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
22 декември 2025
Зајдисонце на солстициум над Стоунхенџ
Кредит за слика & авторски права: English Heritage, Josh Dury
Објаснување: Вчера Сонцето ја достигна својата најјужна положба на небото над планетата Земја. Овој момент се нарекува солстициум, а во многу култури вчерашниот датум се одбележува како промена на годишните времиња — од есен во зима на Северната хемисфера и од пролет во лето на Јужната хемисфера. Прикажаната фотографија е направена непосредно пред најдолгата ноќ во северната хемисфера во 2025 година, кај Стоунхенџ во Обединетото Кралство. Таму, низ камења прецизно поставени пред 4.500 години, може да се види како заоѓа голема, светлечка сфера стара околу 4,5 милијарди години. Дури и со земената предвид прецесија на ротационата оска на Земјата низ милениумите, Сонцето и понатаму заоѓа над Стоунхенџ на астрономски значаен начин.
Утрешната слика:: Чудна молња
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Kiro Stojanov &
Dipl.Ing.Dr. Liliana Gracanin
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Saša Gračanin