Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
21 новември 2025
3I/АТЛАС: Поглед од планетата Земја
Кредит за слика & авторски права: Rolando Ligustri
Објаснување: Сега кога се оддалечува по својот перихел, односно најблискиот пристап кон Сонцето на 29 октомври, кометата 3I/АТЛАС е само третиот познат меѓуѕвезден објект што поминал низ нашиот Сончев систем. Нејзината зеленикаста кома и слабите опашки се гледаат на позадината од ѕвезди во соѕвездието Девица на овој поглед од планетата Земја, снимен со мал телескоп на 14 ноември. Но овој меѓуѕвезден улез е предмет на тековна, досега невидена опсервациска кампања што го опфаќа целиот Сончев систем, во која учествуваат вселенски летала и телескопи — од Земјината орбита па сѐ до површината на Марс и пошироко. И иако кометата од друг ѕвезден систем неодамна се засветли, сепак ќе ви треба телескоп ако сакате да ја видите 3I/АТЛАС од планетата Земја. Сега е над хоризонтот во ноемвриското утринско небо и ќе го има својот најблизок приод до Земјата — удобна оддалеченост од 270 милиони километри — околу 19 декември.
Транзит на прстените — Диона и Реа:
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Kiro Stojanov &
Dipl.Ing.Dr. Liliana Gracanin
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Saša Gračanin