Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
22 новември 2025
Диона и Реа во транзит преку прстените
Кредит за слика & авторски права: Copyright: Christopher Go
Објаснување: Гледани лево од појасестиот дискот на Сатурн, малите мразни месечини Диона и Реа се фатени како минуваат пред обемниот систем на прстени на гасовитиот џин на оваа остра телескопска снимка. Забележливата слика е снимена на 20 ноември, кога прстените на Сатурн беа речиси гледани „на работ“ од планетата Земја. Всушност, на секои 13 до 16 години погледот од Земјата се порамнува со рамнината на Сатурновите прстени и создава серија премини низ рамнината на прстените. За време на таков премин, интерпланетарната перспектива „на работ“ ги прави тенките, инаку светли прстени да изгледаат како да исчезнуваат. До 23 ноември Сатурновите прстени ќе го достигнат својот минимален агол за сега, најтесни за гледање од Земјата, но потоа повторно ќе почнат да се прошируваат. Се разбира, Диона и Реа орбитираат околу Сатурн близу рамнината на прстените еднаш на секои 2,7, односно 4,5 дена, додека следната серија премини низ рамнината на прстените видливи од Земјата повторно ќе започне во 2038 година.
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Kiro Stojanov &
Dipl.Ing.Dr. Liliana Gracanin
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Saša Gračanin