Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
17 декември 2025
V5: Маглината Душа
Кредит за слика & авторски права: Jeffrey Horne
Објаснување: Ѕвезди се формираат во Душата на кралицата од Етиопија. Поточно, голем регион на создавање ѕвезди наречен Маглината Душа се наоѓа во насока на соѕвездието Касиопеја, за која грчката митологија вели дека била суетната сопруга на крал кој одамна владеел со земјите околу горниот тек на реката Нил. Позната и како Вестерхоут 5 (V5), Маглината Душа содржи неколку отворени ѕвездени јата, гребени и столбови затемнети од космичка прашина, како и огромни испразнети меури создадени од ветровите на млади масивни ѕвезди. Сместена на оддалеченост од околу 6.500 светлосни години, Маглината Душа се протега на приближно 100 светлосни години и обично се прикажува заедно со својот небесен сосед, Маглината Срце (IC 1805). Прикажаната слика, направена во близина на Нешвил, Тенеси, САД, е составена од 234 часа експозиции снимени во различни бои: црвената ја прикажува светлината што ја емитира водородниот гас, жолтата – сулфурот, а сината – кислородот.
Утрешната слика:: Јупитер и Геминидите
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Kiro Stojanov &
Dipl.Ing.Dr. Liliana Gracanin
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Saša Gračanin