Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
18 декември 2025
Јупитер и метеорите од Близнаци
Кредит за слика & авторски права: David Cruz
Објаснување: Јупитер, владејачкиот гасен џин на Сончевиот Систем, е најсјајниот небесен ориентир во центарот на овој составен ноќен пејзаж. Сцената е создадена со избор на 40 експозиции со метеори од околу 500 направени во ноќите на 13 и 14 декември, во периодот на најсилна активност на овогодишниот годишен метеорски дожд Геминиди. Со секоја избрана експозиција усогласена со ноќното небо над Алентежо, Португалија, навистина изгледа како метеорите да се оддалечуваат од Јупитер. Но привидниот радијант на Геминидите всушност е поблиску до сјајната ѕвезда Кастор, во истоименото соѕвездие Близнаци. Во овој кадар таа се наоѓа малку над и лево од најмасивната планета во Сончевиот Систем. Сепак, родителското тело на Геминидите е познато како карпест, блиско-земјин астероид 3200 Фаетон. А и самата орбита на Фаетон е под влијание на гравитациското привлекување на масивниот Јупитер, заедно со планетите од внатрешниот Сончев Систем.
Утрешната слика:: Катедрали на Месечината
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Kiro Stojanov &
Dipl.Ing.Dr. Liliana Gracanin
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Saša Gračanin