Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


16 новември 2025

Преминување преку рамнината на прстените на Сатурн

Кредит за слика & авторски права: NASA, ESA, JPL, ISS,Cassini Imaging Team; Obrada: Fernando Garcia Navarro

Објаснување: Ако ова е Сатурн, каде се прстените? Кога „додатоците“ на Сатурн исчезнале во 1612 година, Галилео не разбрал зошто. Подоцна во истиот век се сфатило дека необичните испакнатини на Сатурн се всушност прстени и дека, кога Земјата ја преминува рамнината на прстените, прстените гледани од раб изгледа дека исчезнуваат. Тоа е затоа што прстените на Сатурн се ограничени во рамнина многу потенка од сечилото на жилет. Во современо време, роботската вселенска летало Касини, кое орбитираше околу Сатурн, често ја преминуваше рамнината на прстените за време на својата мисија од 2004 до 2017 година. Серија снимки од преминувања на рамнината од февруари 2005 година биле пронајдени во огромната онлајн архива на необработени слики од Касини од страна на заинтересираниот шпански аматер Фернандо Гарсија Наваро. Овде прикажани, дигитално исечени и поставени во претставителни бои, се гледа впечатливиот резултат. Тенката рамнина на прстените на Сатурн се појавува во сино, лентите и облаците во горната атмосфера на Сатурн се гледаат во златна боја. Детали од прстените на Сатурн можат да се видат во темните сенки со висок контраст. Месечините Диона и Енцелад се појавуваат како испакнатини во прстените.

Утрешна слика: Необичен опаш на комета


Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Kiro Stojanov & Dipl.Ing.Dr. Liliana Gracanin
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Saša Gračanin
e-astronomy