Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
17 новември 2025
Кометата Леммон и нејзиниот лутачки јонски опаш
Кредит за слика & авторски права: Ignacio Fernández
Објаснување: Што ѝ се случи на опашката на кометата Леммон? Одговорот буквално „го носи ветрот“ — во овој случај, Сончевиот ветер. Овој континуиран млаз на наелектризирани честички од Сонцето во последно време е прилично променлив, бидејќи Сонцето испушта ерупции на енергија — CME — што ги туркаат и одвраќаат наелектризираните честички што самата комета ги испушта. Резултатот е јонски опаш со синкаст сјај кај кометата C/2025 A6 (Lemmon), кој не само што е импресивно сложен, туку прави и неколку необични свртувања. Оваа долготрајна составена снимка, направена минатиот месец во Алфакар, Шпанија, го доловува целиот овој јонски немир во внатрешниот Сончев Систем. Кометата Леммон сега слабеe додека се оддалечува од Земјата и Сонцето, враќајќи се назад кон надворешниот Сончев Систем.
Утрешната слика:
Радио Млечен Пат
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Kiro Stojanov &
Dipl.Ing.Dr. Liliana Gracanin
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Saša Gračanin