Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
15 новември 2025

Андромеда и пријателите
Кредит за слика & авторски права: Piotr Czerski
Објаснување: Оваа величествена вангалактичка небесна сцена е свртена кон галаксијата Андромеда, најблиската голема спирална галаксија до Млечниот Пат. Таа исто така ја постигнува Месијевата трифекта со тоа што во истото телескопско видно поле ги вклучува Андромеда, заведена како Месије 31 (М31), заедно со Месије 32 (М32) и Месије 110 (М110). На оваа снимка, М32 се наоѓа веднаш лево од светлото јадро на Андромеда, а М110 подолу и десно. И М32 и М110 самите се елиптични галаксии и сателити на поголемата спирална Андромеда. Со комбинирање на 60 часа широкопојасни и теснопојасни набљудувања, длабокиот телескопски поглед открива примамливи детали од прашливи појаси, млади ѕвездени јата и региони на создавање ѕвезди долж спиралните краци на Андромеда, како и бледи облаци во прв план од светлечки водороден гас. Засега, Андромеда и нејзините пријатели се оддалечени околу 2,5 милиони светлосни години од нашата голема спирална галаксија, Млечниот Пат.
Утрешна слика:
Преминување низ рамнината
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Kiro Stojanov &
Dipl.Ing.Dr. Liliana Gracanin
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Saša Gračanin