Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
13 декември 2025
Орион и Океанот на бури
Кредит за слика & авторски права: NASA, Artemis 1
Објаснување: На 5 декември 2022 година, камера на беспилотното вселенско летало Орион го снимила овој призор додека Орион се приближувал кон својот повратен погонски прелет покрај Месечината. Зад еден од издолжените соларни панели на Орион се протега темен, мазен предел по западниот раб на Oceanus Procellarum. Истакнат на блиската страна на Месечината, Oceanus Procellarum (Океанот на бури) е најголемото меѓу лунарните мориња исполнети со лава. Лунарниот терминатор, линијата на сенка меѓу месечевата ноќ и ден, се протега по левата страна на кадарот. Кратерот Мариус, со пречник од 41 километар, се наоѓа при врвот на сликата, а зрачниот кратер Кеплер се појавува на работ, веднаш десно од соларниот панел. Светлите зраци на Кеплер се протегаат кон север и запад, достигнувајќи го темното дно на Мариус. До 11 декември 2022 година, вселенското летало Орион се вратило во својот матичен свет. Историската мисија Артемида 1 завршила со успешно спуштање на Орион во водите на Пацификот на планетата Земја.
Утрешната слика:: Прелет покрај Ганимед и Јупитер
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Kiro Stojanov &
Dipl.Ing.Dr. Liliana Gracanin
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Saša Gračanin