Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
14 декември 2025
Прелетот на Јуно покрај Ганимед и Јупитер
Кредит за слика & авторски права: NASA, JPL-Caltech, SWRI, MSSS;
Animation: Koji Kuramura, Gerald Eichstädt, Mike Stetson; Music: Vangelis
Објаснување: Какво би било чувството да се прелета над најголемата месечина во Сончевиот Систем? Во 2021 година, роботското вселенско летало Јуно прелета покрај огромната месечина на Јупитер, Ганимед, и направи снимки кои подоцна беа дигитално обработени во детален симулиран прелет. Како што започнува прикажаното видео, Јуно се спушта над двобојната површина на месечината широка околу 2.000 километри, откривајќи леден, вонземски пејзаж исполнет со жлебови и кратери. Жлебовите најверојатно настанале поради поместување на површинските плочи, додека кратерите се резултат на силни судири. Продолжувајќи по својата орбита, Јуно потоа го изведе своето 34-то блиско прелетување над облаците на Јупитер. Дигитално изработеното видео прикажува бројни вртложни облаци на север, шарени појаси и зони што ја обиколуваат планетата во средишниот дел — вклучувајќи неколку бели овални облаци од „Низата бисери“ — и на крај уште вртложни облаци на југ.
Утрешната слика:: Андромедин спрајт
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Kiro Stojanov &
Dipl.Ing.Dr. Liliana Gracanin
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Saša Gračanin