Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


12новември 2025

Супер месечева корона

Kredit za sliku & autorska prava: Eric Houck

Објаснување: Што се тие шарени прстени околу Месечината? Корона. Вакви прстени понекогаш се појавуваат кога Месечината се гледа низ тенки облаци. Ефектот настанува поради дифракцијата на светлината околу поединечни, слично големи капки вода во облак што се наоѓа помеѓу нас и Месечината, но кој е претежно проѕирен. Бидејќи светлината со различни бои има различни бранови должини, секоја боја се дифрактира поинаку. Месечевите корони се еден од ретките дифракциски појави во боја што може лесно да се видат со голо око. Прикажаната фотографија на месечева корона е снимана околу минатонеделната полна Супер Месечина, од близина на Најтс Фери, Калифорнија, САД. Десно од полната Месечина се гледа огромната портокалова ѕвезда Ботеин. Сличните корони што се појавуваат околу Сонцето обично се потешки за гледање поради неговата голема сјајност.

Утрешна слика: Орион и неговото друштво


Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Kiro Stojanov & Dipl.Ing.Dr. Liliana Gracanin
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Saša Gračanin
e-astronomy