Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
13новември 2025
Орион и Бегачот
Kredit za sliku & autorska prava: R. Jay Gabany
Објаснување: Малку космички пејзажи можат да ја разбудат имагинацијата како Големата маглина во Орион. Иако со голо око се гледа како бледа, безоблична дамка на небото, најблискиот голем регион за формирање ѕвезди се протега низ оваа остра и шарена телескопска снимка. Озна¬чена како М42 во Месјевиот каталог, гасот и правта на Маглината во Орион го обвиваат жешкото, младо ѕвездно јато. Со ширина од околу 40 светлосни години, М42 лежи на работ на огромен меѓуѕвезден молекуларен облак кој се наоѓа само 1.500 светлосни години од нас, во истиот спирален крак на Млечниот Пат како и Сонцето. Вклучувајќи ја и правливата, синкаво-рефлексивна маглина NGC 1977 — позната и како „Бегачот“, лево во кадарот — овие родилни маглини претставуваат само мал дел од богатото ѕвездообразувачко материјалo во нашето галактичко соседство. Во ова добро проучено ѕвездено јасле, астрономите имаат идентификувано и бројни структури што личат на новородени сончеви системи.
Утрешна слика:
Флорида ноќи
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Kiro Stojanov &
Dipl.Ing.Dr. Liliana Gracanin
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Saša Gračanin