Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


11новември 2025

Јупитер во ултравиолетово од Хабл

Kredit za sliku & autorska prava: NASA, ESA, Hubble; Processing & License: Judy Schmidt

Објаснување: Јупитер изгледа малку поинаку кога се набљудува во ултравиолетова светлина. За подобро толкување на движењата на неговите облаци и за да ѝ помогне на роботската вселенска сонда NASA Juno да го разбере поширокиот контекст на малите полиња што ги снима, вселенскиот телескоп Хабл редовно бил насочуван да ја фотографира целата површина на овој џиновски гасовит свет. Боите што Хабл ги следи одат надвор од човечкиот видлив спектар и ги вклучуваат ултравиолетовата и (овде неприкажаната) инфрацрвената светлина. На прикажаната снимка од 2017 година, Јупитер изгледа поинаку во блиската ултравиолетова област, делумно затоа што количината сончева светлина што се одбива назад варира, па различните висини и географски широчини на облаците имаат различни осветлености. Во блискиот УВ опсег, Јупитеровите полови изгледаат релативно темни, исто како и Големата црвена дамка, како и едно помало оптички бело овално подрачје десно од неа. Но Низата бисери (String of Pearls) уште подесно — серија бури што Juno често ги набљудува — се најсветли токму во оваа ултравиолетова област, па на оваа лажнобојна снимка се појавуваат во розева нијанса. На горниот лев агол се гледа Ганимед, најголемата месечина на Јупитер. о меѓувреме, Juno продолжува со својата издолжена 33-дневна орбита, додека Хабл, кој орбитира околу Земјата, постепено старее и денес се потпира само на еден стабилизирачки жироскоп.

Утрешна слика: Месечеви ленти


Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Kiro Stojanov & Dipl.Ing.Dr. Liliana Gracanin
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Saša Gračanin
e-astronomy