Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
11 декември 2025
Галаксии во Реката
Кредит за слика & авторски права: Vikas Chander
Објаснување: Големите галаксии растат така што ги „јадат“ малите. Дури и нашата галаксија се вклучува во еден вид галактички канибализам, впивајќи мали галаксии што се премногу блиску и што ќе бидат заробени од гравитацијата на Млечниот Пат. Всушност, таквата практика е вообичаена во Универзумот и е илустрирана со овој впечатлив пар интерактивни галаксии од бреговите на јужното соѕвездие Еридан — Реката. Оддалечени повеќе од 50 милиони светлински години, големата, искривена спирална галаксија NGC 1532 е видлива како е „заклучена” во гравитациска борба со џуџестата галаксија NGC 1531 — борба што помалата галаксија конечно ќе ја изгуби. Видена речиси од работ, на оваа остра снимка спиралата NGC 1532 се протега околу 100.000 светлински години. Се смета дека парот NGC 1532/1531 е сличен на добро проучениот систем составен од спирална галаксија гледана „од лице“ и нејзиниот мал придружник, познат како M51.
Утрешната слика:: Лисини огнови
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Kiro Stojanov &
Dipl.Ing.Dr. Liliana Gracanin
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Saša Gračanin