Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
12 декември 2025
Северни огнови на лисицата
Кредит за слика & авторски права: Dennis Lehtonen
Објаснување: Во еден фински мит, кога арктичка лисица трча толку брзо што со својата бушава опашка ги закачува планините, во небото се разлетуваат огнени искри и се создаваат северните светлини. Всушност, финскиот збор „revontulet“, едно од имињата за поларните светлини или северната аурора, може да се преведе како „огнена лисица“. Затоа овој впечатлив мит добил посебно значење за фотографот на овој северен ноќен пејзаж, снимен во финска Лапонија, во близина на езерото Килписјарви. Снежната сцена е осветлена од месечината. Саана, иконичен лапонски рид или планина, се издига десно во заднината. Но, додека прекрасните северни светлини танцуваа високо над главата, дивата „огнена лисица“ во предниот план ентузијастички трчаше околу фотографот и неговата опрема, што го отежна снимањето на овој среќен, единствен кадар.
Утрешната слика:: Океан од бури
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Kiro Stojanov &
Dipl.Ing.Dr. Liliana Gracanin
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Saša Gračanin