Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


08новември 2025

Полн Месечина во перигеј

Kredit za sliku & autorska prava: Betul Turksoy

Објаснување: Што е големо, светло и прекрасно, може да облече наметка од облаци, а воедно се наоѓа и во најблиската точка од својата елиптична орбита околу Земјата? Се разбира — полна Месечина во перигеј, снимена овде при заоѓање на Месечината во предзората на 5 ноември од Кајсери, Туркије. Полните месечини што се случуваат во (или многу блиску до) перигеј, па затоа се малку поголеми и посветли од просекот, станаа популарно познати како супер-месечини. Всушност, оваа полна Месечина во перигеј е најблиската и најсветлата од трите супер-месечини во 2025 година. Издигнувајќи се кога Сонцето заоѓа, оваа полна Месечина следи по октомвриската „Жетварка“ и традиционално е позната кај некои како „Ловечка Месечина“.

Утрешна слика: На пат


Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Kiro Stojanov & Dipl.Ing.Dr. Liliana Gracanin
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Saša Gračanin
e-astronomy