Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
09новември 2025
Патот до центарот на Галаксијата
Kredit za sliku & autorska prava: Michael Abramyan
Објаснување: Дали патот до центарот на нашата галаксија минува низ Долината на спомениците (Monument Valley)? Не мора — но ако твојот пат минува таму, вреди да се направи фотографија. Во овој случај, патот е американската рута US 163, а хоризонтот го украсуваат иконските карпести форми на Навахо Резерватот. Појасот на Млечниот Пат се спушта од небото и изгледа како продолжение на патот на Земјата. Прашливите филументи го затемнуваат Млечниот Пат, во контраст со милијардите светли ѕвезди и неколкуте шарени светлечки облаци од гас, меѓу кои се маглините Лагуна и Трифид. Прикажаната фотографија е составена од повеќе снимки направени со истата камера и од истата локација — Forrest Gump Point во Јута, САД. Предниот план е снимен веднаш по зајдисонце, во почетокот на синиот час, во септември 2021 година, додека позадината е мозаик од четири експозиции направени неколку часа подоцна.
Утрешна слика:
Големата месечина
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Kiro Stojanov &
Dipl.Ing.Dr. Liliana Gracanin
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Saša Gračanin