Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


08 декември 2025

Летајќи над земјата ноќе

Кредит за слика & авторски права: Gateway to Astronaut Photography, NASA ; Compilation: David Peterson (YouTube);
Music: Freedom Fighters (Two Steps from Hell)

Објаснување: Многу чуда може да се видат кога се лета над Земјата во текот на ноќта. Такви визуелни спектакли секојдневно ги доживуваат астронаутите во ниска орбита, но прикажаното видео снимено од Меѓународната вселенска станица (ISS) во 2011 година овековечува неколку од нив и ги поставува во ритам на моќна музика. Под станицата минуваат бели облаци, портокалови светла од градови, блесоци на молњи во невремиња и темносини мориња. На хоризонтот се гледа златна измаглица од тенката атмосфера на Земјата, која често е украсена со танцувачки поларни светлини додека видеото напредува. Зелените делови од поларната светлина обично остануваат под станицата, но црвените и виолетовите врвови минуваат токму низ неа. Соларните панели на ISS се гледаат по рабовите на кадарот. Заканувачкиот бран на светлина што се приближува на крајот од секоја секвенца е само зората на осветлената половина на Земјата — зора што настапува на секои 90 минути.

Утрешната слика:: Прашина на душата




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Kiro Stojanov & Dipl.Ing.Dr. Liliana Gracanin
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Saša Gračanin
e-astronomy