Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


09 декември 2025

Срцето на небулата Душа

Кредит за слика & авторски права: Nicola Bugin

Објаснување: Овој космички крупен план погледнува длабоко во внатрешноста на Небулата Душа. Темните и драматични облаци од прав, обрабени со светли гребени на светлечки гас, се каталогизирани како IC 1871. Широк околу 25 светлосни години, телескопскиот поглед опфаќа само мал дел од многу поголемите Небули Срце и Душа. На проценето растојание од 6.500 светлосни години, овој регион на создавање ѕвезди се наоѓа во спиралниот крак Персеј на Млечниот Пат, гледан на небото на планетата Земја кон соѕвездието Касиопеја, Кралицата на Етиопија. Пример за поттикнато создавање ѕвезди, густите облаци на IC 1871 самите се обликувани од интензивните ветрови и зрачењето на масивните млади ѕвезди во регионот. Оваа колоритна слика користи палета што стана позната преку Хабловите фотографии на региони каде се раѓаат ѕвезди.

Утрешната слика:: Oтворен простор




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Kiro Stojanov & Dipl.Ing.Dr. Liliana Gracanin
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Saša Gračanin
e-astronomy