Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
07новември 2025
Темниот морски коњ во Кефеј
Kredit za sliku & autorska prava: Jordi Jofre
Објаснување: Протегајќи се низ светлосни години, оваа впечатлива форма позната како Маглината Морски Коњ тивко „плови“ во силуета наспроти богата позадина од ѕвезди и светлечки водороден гас. Насочена кон кралското северно соѕвездие Кефеј, оваа прашлива и темна маглина е дел од молекуларен облак на Млечниот Пат, оддалечен околу 1.200 светлосни години. Таа е позната и како Барнард 150 (B150), еден од 182 темни објекти на небото каталогизирани во почетокот на 20 век од астрономот Е. Е. Барнард. Во нејзината внатрешност се формираат групи на ѕвезди со мала маса, но нивните колабирачки јадра се видливи само на долги инфрацрвени бранови должини. Сепак, сјајните длабочини на Млечниот Пат во правец на Кефеј придонесуваат за овој навистина импресивен галактички пејзаж.
Утрешна слика:
Темен коњ
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Kiro Stojanov &
Dipl.Ing.Dr. Liliana Gracanin
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Saša Gračanin