Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
06 декември 2025
Аполо 17 кај кратерот Шорти
Кредит за слика & авторски права: Apollo 17 Crew, NASA
Објаснување: Пред педесет и три години, во декември 1972 година, астронаутите од мисијата Аполо 17, Јуџин Сернан и Херисон Шмит, поминаа околу 75 часа на Месечината истражувајќи ја долината Таурус-Литроу, додека нивниот колега Роналд Еванс орбитираше над нив. Оваа снимка од друг свет ја направил Сернан додека тој и Шмит талкале по подот на месечевата долина. На неа е прикажан Шмит покрај месечевото возило паркирано на југоисточниот раб на кратерот Шорти. Токму таму геологот Шмит го открил портокаловиот месечев прав. Екипажот на Аполо 17 се врати со 110 килограми карпи и примероци од почва — повеќе од која било друга мисија со слетување на Месечината. А засега, Сернан и Шмит остануваат последните што чекореле по Месечината.
Утрешната слика:: Спектарот на Сонцето
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Kiro Stojanov &
Dipl.Ing.Dr. Liliana Gracanin
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Saša Gračanin