Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
07 декември 2025
Сонцето и неговите исчезнати бои
Кредит за слика & авторски права: Nigel Sharp (NSF), FTS, NSO, KPNO, AURA, NSF
Објаснување: Сè уште не е познато зошто светлината од Сонцето недостасува во некои бои. Еве ги сите видливи бои на Сонцето, добиени со пропуштање на сончевата светлина низ уред сличен на призма. Спектарот е создаден во соларната опсерваторија МекМет-Пирс и покажува, пред сè, дека иако нашето Сонце кое изгледа бело емитира светлина во речиси сите бои, најсветло свети во жолто-зелената област. Темните ленти во прикажаниот спектар настануваат кога гасовите на или над површината на Сонцето апсорбираат светлина емитирана под нив. Бидејќи различни типови гасови апсорбираат различни бои на светлина, можно е да се утврди од кои гасови е составено Сонцето. Хелиумот, на пример, првпат бил откриен во 1868 година во соларен спектар, а дури подоцна пронајден и на Земјата. Денес, поголемиот дел од линиите на апсорпција во спектарот се идентификувани — но не сите.
Утрешната слика:: Летајќи над Земјата
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Kiro Stojanov &
Dipl.Ing.Dr. Liliana Gracanin
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Saša Gračanin