Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


05новември 2025

Спиралната галаксија NGC 3370 од Хабл

Kredit za sliku & autorska prava: ESA/Hubble & NASA, A. Riess, K. Noll

Објаснување: Дали вака би изгледала нашата сопствена Млечна Патека гледана оддалеку? Слична по големина и по својот голем, уреден спирален дизајн на нашата Галаксија (иако без централната прачка), спиралната галаксија NGC 3370 се наоѓа на околу 100 милиони светлосни години, во насока на соѕвездието Лав (Leo). На оваа прецизна снимка од Вселенскиот телескоп „Хабл“, оваа голема и прекрасна галаксија, свртена право кон нас, не е само фотогенична, туку се покажа и доволно остра за проучување на поединечни ѕвезди познати како Кефеиди. Овие пулсирачки ѕвезди се користени за точно утврдување на растојанието до NGC 3370. Оваа галаксија беше избрана за студија затоа што во 1994 година беше дом и на добро проучена ѕвездена експлозија — супернова од тип Ia. Комбинирањето на познатото растојание до овој „стандардeн свеќник“ базирано на мерењата на Кефеидите, заедно со набљудувања на уште подалечни супернови, помогна да се откријат големината и стапката на ширење на целиот Универзум.

Утрешна слика: Правлива островска галаксија


Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Kiro Stojanov & Dipl.Ing.Dr. Liliana Gracanin
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Saša Gračanin
e-astronomy