Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
06новември 2025
NGC 253: Прашлива островска вселена
Kredit za sliku & autorska prava: Adam Block
Објаснување: Сјајната NGC 253 е една од најсветлите видливи спирални галаксии — и истовремено една од најпрашливите. Некои ја нарекуваат “Галаксија Сребрена Монета” поради нејзиниот изглед во мали телескопи, а други просто Галаксија Скулптор поради нејзината положба во рамките на јужното соѕвездие Скулптор. Откриена е во 1783 година од математичарката и астроном Каролин Хершел, а оваа прашлива островска вселена се наоѓа на само 10 милиони светлосни години оддалеченост. Со дијаметар од околу 70 илјади светлосни години, NGC 253 е најголемиот член на Групата Скулптор, најблиската галактичка група до нашата Локална група. Освен нејзините спирални прашливи ленти, од галактичкиот диск изгледа како да се издигнуваат нишки од прашина испреплетени со млади ѕвездени јата и региони на интензивно формирање ѕвезди во овој шарен портрет на галаксијата. Големата количина прашина е придружена со бурна ѕвездена активност, поради што NGC 253 го носи називот ѕвездоексплозивна (starburst) галаксија. Познато е и дека NGC 253 е силен извор на високоенергетски икс-зраци и гама-зраци, најверојатно поради црни дупки во близина на галактичкото јадро.
Утрешна слика:
Темен коњ
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Kiro Stojanov &
Dipl.Ing.Dr. Liliana Gracanin
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Saša Gračanin