Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


01 декември 2025

3I ATLAS: Опашките на меѓуѕвездената комета

Кредит за слика & авторски права: Victor Sabet & Julien De Winter

Објаснување: Колку е типичен нашиот Сончев систем? Проучувањето на 3I/ATLAS, комета што само минува низ него, нуди важни траги. Досега потврдени меѓуѕвездени посетители вклучуваат еден астероид, една комета, еден метеор и гасовит ветер богат со водород и хелиум. Кометата 3I/ATLAS изгледа релативно нормално во споредба со кометите од Сончевиот систем, со што дополнително се потврдува дека нашиот систем е барем донекаде типичен ѕвезден систем. На пример, 3I/ATLAS има сличен хемиски состав и исфрла прав со слични својства. На претставената фотографија, снимена минатата недела од Тексас, се гледа зелена кома, скитничка јонска опашка со синкава нијанса која веројатно е отклонета од соларниот ветер, како и нежна анти-опашка — сите карактеристични микрокосмички појави кај кометите. Кометата, видлива со телескоп, го мина најблиското растојание до Сонцето кон крајот на октомври, а најблиску до Земјата ќе биде средината на декември, по што повторно ќе се врати во меѓуѕвездениот простор и никогаш повеќе нема да се врати.

Утрешната слика:: Активна галаксија




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Kiro Stojanov & Dipl.Ing.Dr. Liliana Gracanin
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Saša Gračanin
e-astronomy