Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
02 декември 2025
M77: Спирална галаксија со активен центар
Кредит за слика & авторски права: Hubble, NASA, ESA, L. C. Ho, D. Thilker
Објаснување: Што се случува во центарот на блиската спирална галаксија M77? Оваа галаксија, свртена право кон нас, се наоѓа на само 47 милиони светлосни години во насока на соѕвездието Морско чудовиште (Cetus). На таа проценета оддалеченост, овој прекрасен остров-универзум се протега околу 100 илјади светлосни години. Позната и како NGC 1068, нејзиното компактно и многу светло јадро е темелно проучувано од астрономите кои ги истражуваат тајните на супермасивните црни дупки во активните Сејфертови галаксии. Активното јадро на M77 свети во х-зраци, ултравиолетова, видлива, инфрацрвена и радио-светлина. На прикажаната остра снимка од Вселенскиот телескоп „Хабл“ се гледаат деталите на нејзините свиени спирални краци, исцртани со затемнувачки црвени облаци од прав и сини јата ѕвезди, кои кружат околу силно светлечкиот бел центар на галаксијата.
Утрешната слика:: Патување до црна дупка
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Kiro Stojanov &
Dipl.Ing.Dr. Liliana Gracanin
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Saša Gračanin