Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


27 декември 2025

Бродот на Месечината на Аполо 17

Кредит за слика & авторски права: Apollo 17, NASA, (Image Reprocessing: Andy Saunders)

Објаснување: Со својот необичен и аглест изглед, лунарниот модул Challenger на Аполо 17 бил дизајниран за лет во речиси целосниот вакуум на вселената. Дигитално подобрена и повторно обработена, оваа фотографија, снимена од командниот модул America на Аполо 17, ја прикажува подемната фаза на Challenger во орбита околу Месечината. Малите мотори за контрола на ориентацијата се наоѓаат од страните на овој месечев брод, со ѕвоното на ракетниот мотор за подем под нив. Отворот што овозможувал пристап до површината на Месечината се гледа напред, а на врвот се наоѓа кружната радарска антена. Командантот на мисијата, Џин Сернан, јасно се гледа низ триаголниот прозорец. Ова летало извонредно ја извршило својата задача — слетало на Месечината и ги вратило астронаутите од Аполо во орбитата на командниот модул во декември 1972 година. Па, каде е Challenger денес? Додека неговата спустна фаза сè уште се наоѓа на местото на слетување на Аполо 17 во долината Таурус–Литроу, прикажаната подемна фаза била намерно урната во близина, откако била отфрлена од командниот модул пред враќањето на астронаутите на планетата Земја.

Утрешната слика:: Полнo е со ѕвезди!




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy