Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


26октомври 2025

Хелоуин и маглината "Глава на дух"

Кредит за слика & авторски права: NASA, ESA, Mohammad Heydari-Malayeri (Observatoire de Paris) et al.,

Објаснување: Потеклото на Хелоуин е древно и астрономско. Уште од петтиот век пред нашата ера, Хелоуин се слави како „cross-quarter“ ден — ден што се наоѓа на половина пат меѓу рамноденицата (еднаков ден и ноќ) и солстициумот (најкраток ден / најдолга ноќ на северната хемисфера). Но со современиот календар, иако Хелоуин е подоцна оваа недела, вистинскиот „cross-quarter“ ден ќе настапи следната недела. Друг таков ден е „Groundhog Day“. Современата прослава на Хелоуин ги задржува старите корени во обичаите за облекување со цел да се исплашат духовите на мртвите. Можеби соодветен почит кон овој древен празник е овој поглед на маглината „Глава на дух“ снимена со вселенскиот телескоп „Хабл“. Слично на иконата на измислен дух, NGC 2080 всушност е регион на создавање ѕвезди во Големиот Магеланов Облак — сателитска галаксија на нашиот Млечен Пат. Маглината „Глава на дух“ (NGC 2080) се простира околу 50 светлосни години и е прикажана во претставителни бои.

Утрешна слика: Кометино проширување


Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Kiro Stojanov & Dipl.Ing.Dr. Liliana Gracanin
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Saša Gračanin
e-astronomy