Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
25октомври 2025
ВЕБ: Ро Змијоноше
Кредит за слика & авторски права: NASA, ESA, CSA, STScI, Klaus Pontoppidan (STScI)
Објаснување: На само 390 светлосни години од нас, ѕвезди налик на Сонцето и идни планетарни системи се раѓаат во молекуларниот облачен комплекс Ро Змијоноше — најблискиот регион на создавање ѕвезди до нашата планета. Инфрацрвената камера NIRCam на вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“ завирила во блискиот родилен хаос и ја снимала оваа инфрацрвена слика со восхитувачки обем. Рамката опфаќа помалку од една светлосна година во Ро Змијоноше и содржи околу 50 млади ѕвезди. Посветлите ѕвезди јасно го покажуваат препознатливиот образец на дифракциски зраци на Веб. Огромни млазови шокиран молекуларен водород што излетуваат од новородени ѕвезди се прикажани црвено, со голема, жолтеникава, правлива шуплина издлабена од енергичната млада ѕвезда близу центарот. Кај некои ѕвезди во оваа неверојатна снимка се гледаат сенки што ги фрлаат нивните протопланетарни дискови. Спектакуларниот космички кадар беше објавен во 2023 година, во чест на успешната прва година од Вебовото истражување на Универзумот.
Утрешна слика:
Големиот дух
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Kiro Stojanov &
Dipl.Ing.Dr. Liliana Gracanin
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Saša Gračanin