Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


23октомври 2025

Лабуд, Лабуд, Орао

Кредит за слика & авторски права: Adam Block

Објаснување: Кометата C/2025 R2 (SWAN) има зеленикава кома и поблед опаш, забележани на ова поле на видик широко 7 степени, фотографирано телескопски на 17 октомври. На тој датум, новиот посетител на внатрешниот Сончев Систем љубезно позирал со уште две небесни птици кои се гледаат кон центарот на нашиот Млечен Пат. Месје 16, при дното на рамката, и Месје 17 им се познати на набљудувачите на длабокото небо како маглината Орел и маглината Лебед. Додека зеленкавиот сјај на кометската кома забележан на сликата е резултат на флуоресценцијата на диатомски јаглерод под сончева светлина, црвенкастите нијанси во маглините — региони на формирање ѕвезди оддалечени околу 5.000 светлосни години — се карактеристични за јонизиран водороден гас. Кометата SWAN сега е на излез од внатрешниот Сончев Систем, но и понатаму е добра комета за двогледи и мали телескопи што можат да гледаат ниско над јужниот хоризонт во раните вечерни неба на северната хемисфера. C/2025 R2 (SWAN) беше најблиску до нашата убава планета на 20 октомври, на само 2,2 светлосни минути растојание.

Утрешна слика: Сатурн ноќе


Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Kiro Stojanov & Dipl.Ing.Dr. Liliana Gracanin
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Saša Gračanin
e-astronomy