Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


21октомври 2025

IC 1805: Маглината Срце

Кредит за слика & авторски права: Toni Fabiani

Објаснување: Што ја „електризира“ маглината Срце? Прво, големата емисиона маглина лево, каталогизирана како IC 1805, навистина наликува на човечко срце. Маглината силно свети во црвена светлина што ја емитира водородот, кој е нејзиниот најзастапен елемент, но оваа долга експозиција е дополнително споена со светлина емитирана од сулфур (жолта) и кислород (сина). Во центарот на маглината Срце се наоѓаат младите ѕвезди од отворениот ѕвезден јат Melotte 15, кои со својата енергетска светлина и ѕвездени ветрови еродираат неколку живописни столбови од прав и гас. Маглината Срце се наоѓа околу 7.500 светлосни години далеку, во насока на соѕвездието Касиопеја. На горниот десен дел од маглината Срце се наоѓа придружната маглина Fishhead. Ова широко и длабоко изображување јасно покажува дека светлечки гас ја обвива маглината Срце во сите насоки.

Утрешна слика: Леммонските опашки


Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Kiro Stojanov & Dipl.Ing.Dr. Liliana Gracanin
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Saša Gračanin
e-astronomy