Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


20октомври 2025

Наоѓање на кометата Лемон

Кредит за слика & авторски права: Petr Horalek / Institute of Physics in Opava

Објаснување: Вечерва, ако можете да ги видите ѕвездите на Големата Колка, тогаш можете да ја најдете и кометата Лемон на вашето вечерно небо. По зајдисонце, побарајте ја бледата, но издолжена комета над северозападниот хоризонт – но под рачката на познатата небесна „кујнска лажица“ на северот. Можеби ќе ви биде полесно да го забележите овој посетител на внатрешниот Сончев Систем преку камерата на вашиот телефон, која подобро ги фаќа бледите објекти. Во секој случај, барајте заматена зеленикава „ѕвезда“ со опашка, иако веројатно не толку долга како на оваа импресивна фотографија направена над езерото Сеч во Чешка пред две ноќи. Скорешните фотографии од C/2025 A6 (Lemmon) често покажуваат детална и променлива јонска опашка што се протега подалеку отколку што може да ја следи човечкото око. Оваа комета што орбитира околу Сонцето сега е близу своето најмало растојание до Земјата и ќе помине најблиску до Сонцето во раниот ноември.

Утрешна слика: Големо срце


Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Kiro Stojanov & Dipl.Ing.Dr. Liliana Gracanin
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Saša Gračanin
e-astronomy