Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
20 новември 2025
Алнитак, Алнилам, Минтака
Кредит за слика & авторски права: Aygen Erkaslan
Објаснување: Алнитак, Алнилам и Минтака се светли плавичести ѕвезди што се протегаат од исток кон запад (од горе десно кон долу лево) по дијагонала низ овој космички призор. Познати и како Појасот на Орион, овие три сини суперџинови се многу поврели и многу помасивни од Сонцето. Се наоѓаат на оддалеченост од 700 до 2.000 светлосни години, родени од добро проучените меѓуѕвездени облаци во Орион. Облаците од гас и прашина што талкаат низ овој регион имаат изненадувачки препознатливи облици, меѓу кои се темната маглина Коњска глава и маглината Пламен, видливи во близина на Алнитак горе десно. Познатата маглина Орион се наоѓа надвор од десниот раб на ова богато обоено ѕвездно поле. Телескопската рамка опфаќа речиси четири степени од небото.
Утрешната слика:
Mеѓуѕвездено
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Kiro Stojanov &
Dipl.Ing.Dr. Liliana Gracanin
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Saša Gračanin