Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
20 декември 2025
Солстициска тетоважа на Сонцето
Кредит за слика & авторски права: Marcella Pace
Објаснување: Зборот солстициј потекнува од латински и значи Сонце и запирање, односно мирување. Во деновите околу солстициумот, годишното движење на Сонцето север–југ на небото над планетата Земја навистина се забавува, накратко застанува, а потоа ја менува насоката. Затоа, близу солстициумот, дневната патека на Сонцето низ небото речиси и не се менува. Всушност, во близина на декемврискиот солстициум, постојаната, ниска линија по која Сонцето се движи над небото на северната хемисфера, заедно со ниските површински температури, оставила јасен траг на овој пат што води кон планинското гратче Пеаjо во северна Италија. Утринскиот мраз на патот се стопил само таму каде што сончевата светлина успеала да стигне до подлогата. Но, во деловите што постојано останале во сенка од оградата, мразот се задржал — како да ја „истетовирал“ сликата на оградата врз асфалтот.
Утрешната слика:: Солстициум на наклонета планета
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Kiro Stojanov &
Dipl.Ing.Dr. Liliana Gracanin
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Saša Gračanin