Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


19 октомври 2025

Кометата Чуриумов-Герасименко ги создава своите опашки

Кредит за слика & авторски права: License: ESA, Rosetta, NAVCAM

Објаснување: Од каде доаѓаат опашките на кометите? Обично нема јасни места на јадрата на кометите од каде што излегуваат млазовите кои ги создаваат опашките. Една од најдобрите снимки на ваквите млазови е прикажана на избраната фотографија, направена во 2015 година од роботската сонда Розета на ЕSA, која орбитираше околу кометата 67P/Чуриумов-Герасименко од 2014 до 2016 година. На снимката се гледаат облаци од гас и прав што излегуваат од повеќе места на нејзиното јадро додека кометата се приближува кон Сонцето и се загрева. Кометата има два изразени лобуса, поголемиот со ширина од околу 4 километри и помалиот од околу 2,5 километри, поврзани со тесен „врат“. Анализите укажуваат дека испарувањето мора да се одвива длабоко под површината за да се создадат млазовите гас, прав и мраз што ги гледаме како излегуваат. Кометата 67P губи околу еден метар од својата површинска длабочина во текот на секоја своја орбита од 6,44 години околу Сонцето, со што таа ќе биде целосно уништена за само неколку илјади години. Во 2016 година, мисијата на Розета заврши со контролирано слетување врз површината на кометата.

Утрешна слика: Наоѓање на Лемоновата комета


Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Kiro Stojanov & Dipl.Ing.Dr. Liliana Gracanin
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Saša Gračanin
e-astronomy