Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


19 новември 2025

Темните маглини во Хамелеон

Кредит за слика & авторски права: Xinran Li & Houbo Zhao

Објаснување: Понекогаш темната прашина во меѓуѕвездениот простор има аглеста елеганција. Таков е случајот кон далечното јужно соѕвездие Хамелеон. Нормално премногу бледа за да се види, темната прашина е најпозната по тоа што го блокира видливото светло од ѕвезди и галаксии зад неа. Но, на оваа експозиција од 11,4 часа прашината се гледа главно во сопствената светлина, со нејзините силни црвени и блиски инфрацрвени бои што создаваат кафеава нијанса. Контрастно сина, светлата ѕвезда Бета Хамелеонтис е видлива горе десно од формата V, а прашината што ја опкружува селективно одбива сино светло од нејзината претежно сино-бела боја. Сите прикажани ѕвезди и прашина се наоѓаат во нашата Млечна Патека, со еден значаен исклучок: белата точка веднаш под Бета Хамелеонтис е галаксијата IC 3104, која се наоѓа во далечината. Меѓуѕвездената прашина најчесто се создава во ладните атмосфери на џиновски ѕвезди и се распрснува во просторот со ѕвездено светло, ѕвездени ветрови и ѕвездени експлозии како што се суперновите.

Утрешната слика: Oтворен простор


Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Kiro Stojanov & Dipl.Ing.Dr. Liliana Gracanin
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Saša Gračanin
e-astronomy