Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


17 октомври 2025

Ида и Дактил: Астероид и месечина

Кредит за слика & авторски права: NASA, JPL, Galileo Mission

Објаснување: Овој астероид има месечина. Роботската вселенска сонда „Галилео“, на пат кон истражување на Јупитеровиот систем во 1993 година, сретна и фотографира два астероиди за време на своето долго меѓупланетарно патување. Вториот мал планетоид што го фотографираше, 243 Ида, беше откриено дека има месечина. Малата месечина, наречена Дактил, е широка само околу 1,6 километри и се гледа како мала точка десно на сликата. Наспроти тоа, Ида е многу поголемa — долга околу 60 километри и широка 25 километри. Всушност, Дактил е првата откриена месечина на еден астероид. Денес, пак, е познато дека многу астероиди имаат свои месечини. Именувањето на малите планетоиди Ида и Дактил потекнува од грчката митологија.

Утрешна слика:


Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Kiro Stojanov & Dipl.Ing.Dr. Liliana Gracanin
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Saša Gračanin
e-astronomy