Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
16 декември 2025
Андромеда и спрајтови над Австралија
Кредит за слика & авторски права: JJ Rao
Објаснување: Што се случува над тоа дрво? Две сосема различни појави. Лево е галаксијата Андромеда, објект постар од човештвото и таков што ќе опстојува уште милијарди години во иднината. Андромеда (M31) е слична по големина и облик на нашата Млечна Патека. Десно е црвен спрајт, вид молња што трае само дел од секунда и се појавува над силни грмотевични бури. Црвените спрајтови беа потврдени како реални атмосферски појави дури пред околу 35 години. Дрвото во средината е боаб, коj може да живее и до илјада години. Боаб дрвјата природно растат во Австралија и Африка и се познати по тоа што можат да складираат големи количини вода — до 100.000 литри. Прикажаната фотографија е направена минатиот месец во близина на Дерби, во Западна Австралија.
Утрешната слика:: Кралицата на душите
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Kiro Stojanov &
Dipl.Ing.Dr. Liliana Gracanin
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Saša Gračanin