Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
15 октомври 2025
Плумата од ракетно полетување над Тусон
Кредит за слика & авторски права: Wayne Showalter
Објаснување: Да, но може ли твоето зајдисонце да го направи ова? Гледано кон запад од Тусон, Аризона, САД, еден ден минатиот месец, небото при зајдисонце изгледаше необично кога накратко се осветли со плумата од ракета лансирана од Калифорнија неколку минути претходно. Понекогаш изгледајќи како огромна вселенска риба, импресивното лансирање од Воздухопловната база Ванденберг кај Ломпок, Калифорнија, беше толку забележливо затоа што беше позадиски осветлено од заоѓачкото Сонце. Ракетата Falcon 9 успешно достави 28 комуникациски сателити Starlink во ниска орбита околу Земјата. Плумата од првата фаза се гледа десно, додека горната фаза која продолжува да се издига се гледа на врвот на плумата, најлево. Сликовитиот преден план ги вклучува рацете на кактусите сагуаро, светлата на градот Тусон и Планинотите на Тусон.
Утрешна слика:
Mлади сонца
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Kiro Stojanov &
Dipl.Ing.Dr. Liliana Gracanin
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Saša Gračanin