Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


14 новември 2025

Флорида и северната светлина

Кредит за слика & авторски права: Samil Cabrera

Објаснување: Северната светлина стигнала и до небото над Флорида. Всушност, блескавата трага од еден метеор од Северните Тауриди пресекува низ ѕвезденото ноќно небо над плажата, во овој морско-небесен пејзаж, направена на островот Шајред во Флорида, на 11 ноември. Метеорите од годишниот метеорски рој Северни Тауриди се очекуваат во ова време од годината. Но дигиталната експозиција на камерата го забележува и треперливиот сјај на аурората — појава која почесто се гледа од повисоките географски широчини на нашата планета. Позната и како аурора бореалис, оваа северна светлина е дел од неодамнешната, широко распространета аурорална активност предизвикана од силни геомагнетски бури. Во последните неколку дена, бурното вселенско време беше поттикнато од повеќе исфрлања на коронална маса насочени кон Земјата и интензивна соларна активност.

Утрешна слика: Cветлосен викенд


Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Kiro Stojanov & Dipl.Ing.Dr. Liliana Gracanin
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Saša Gračanin
e-astronomy