Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


12 октомври 2025

Целата вода на Европа

Кредит за слика & авторски права: Copyright: Kevin Hand (JPL/Caltech),
Jack Cook (Woods Hole Oceanographic Institution), & Howard Perlman (USGS)

Објаснување: Колку вода има на Јупитеровата месечина Европа? Никој не знае точно, но веројатно многу. Според податоците од леталото „Галилео“, добиени за време на неговата мисија низ Јупитеровиот систем од 1995 до 2003 година, Европа има длабок, глобален океан од течна вода под слојот површински мраз. Подповршинскиот океан заедно со мразот може да достигнува просечна длабочина поголема од 100 километри. Ако се прифати горната проценка од 100 километри длабочина, тогаш доколку целата вода на Европа би се собрала во една топка, таа би имала радиус поголем од 800 километри. За споредба, оваа интересна илустрација ја прикажува таа хипотетичка водена топка наспроти големината на самата Европа (лево) — и наспроти целата вода на планетата Земја. Со волумен што можеби е поголем од Земјините океани, глобалниот подповршински океан на Европа претставува примамлива цел за потрага по вонземски живот во нашиот Сончев систем. Роботската мисија Europa Clipper на НАСА беше лансирана минатата година за да го истражи.

Утрешна слика: Лемoнов реп


Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Kiro Stojanov & Dipl.Ing.Dr. Liliana Gracanin
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Saša Gračanin
e-astronomy